Петмина повредени при напад врз антифашистички клуб во Пиреја
Пет лица беа повредени, од кои тројца посериозно, откако синоќа група мажи, за кои постои сомнеж дека се припадници на екстремната десница, упаднаа во антифашистички клуб во грчкиот град Пиреја.
Напаѓачите носеле метални шипки и запалиле димни бомби кога упаднале во просториите на ценатрот, некаде по 19 часот по локално време. Тие ги нападнале луѓето кои биле во просторијата, кршеле прозорци и уништувале мебел.
Според очевидци, напаѓачите извикувале „крв, чест, Златна зора“, слоган кој го користи есктремно десничарската партија Златна зора, против чии членови во тек се судски процеси поради напад на мигранти и противници, од кои некои и смртоносни.
Меѓу петмината повредени е и адвокат, кој го претставува семејството на Павлос Фисас, музичар кој во септември 2013 година беше убиен од член на Златана зора
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори