Петков денеска официјално ќе поднесе оставка
Денеска се очекува да биде поднесена оставка на бугарската влада предводена од премиерот Кирил Петков, откако минатата недела не успеа да го надмине гласањето за недоверба, јави дописникот на МИА од Софија.
Бугарскиот претседател Румен Радев е пред почеток на консултации со пратеничките групи во Народното собрание и потоа доставување мандат за составување нова влада. Уште во петокот додека Петков беше во Брисел на Советот на ЕУ, Радев најави дека очекува оставка на Петков бидејќи тој ќе ја започне процедурата.
Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.
Првиот мандат Радев треба да го додели на „Продолжуваме со промената“ како најголема пратеничка група во бугарскиот парламент, која има намера повторно да го предложи Кирил Петков за премиер.
Доколку „Продолжуваме со промената“ не успеат да обезбедат мнозинство и нова влада, претседателот ќе го предаде вториот мандат на ГЕРБ-СДС, која вчера најави дека веднаш ќе му го врати на Румен Радев. Третиот мандат на претседателот на Бугарија избира на која од останатите пратенички групи ќе и го додели.
Доколку третиот обид не успее, Радев назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува предвремени избори.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево