Пет награди за членови на Ателје Бојар на изложбата „13 Ноември“
Деца членови на Ателје Бојар освоија пет награди 2. Меѓународна ликовна изложба „13 Ноември“ која од 17-ти до 27 ноември се одржува во изложбениот салон на Кинотека на Македонија.на изложбата „13 Ноември“.
Ателјето се претстави со 25 дела изработени во пастел, бајц, колаж и молив во боја, а пет од нив беа наградени - прва награда добија Ана Вчкова и Матеја Грнчароска, втората награда му припадна на Марко Милчевски, а третата на Маја Лиманте и Мартин Самец.
Досега Ателје Бојар има учествувано на 15 републички и меѓународни изложби и има освоено повеќе награди дипломи и признанија.
На годинашната ликовна изложба „13 Ноември“ учествуваа десет држави со околу пет илјади ликовни творби, од кои изложени беа 600 дела, а 200 беа наградени.
Авторите на творбите се на возраст од четири до 20 години, во четири категории: градинки, основни и средни училишта, уметнички училишта и факултети.
Изложбата ја организира Ликовен центар и здружение на ликовни педагози од Скопје, под покровителство на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости