Пет лица пренесени во болница откако со „форд мондео“ излетале од патот Штип - Радовиш
Три лица се тешко повредени, а двајца полесно по излетување на автомобил „форд мондео“ од коловозот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Несреќата се случила вчера доцна попладнето информираат од СВР-Штип.
Во соопштението се наведува дека патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 40 – годишниот С.А. од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот.
По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница – Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците на возраст од 19 години со исти иницијали С.А. и двајцата од Кочани им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.
Инаку синоќа спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот, изречени се 18 мерки на возачи, кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 останати прекршоци.
Надлежните од СВР-Штип велат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбдноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
