-->
-->
Пет години затвор за возачот од сообраќајката кај „Зебра“
-->

Петгодишна затворска казна му одреди Судот на Бојан Блажевски, обвинет за сообраќајката што се случи во јули годинава кај трговскиот центар „Зебра“ во населбата Капиштец, во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.
Основниот суд Скопје 1 го осуди Блажевски за кривичното дело „тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“.
Блажевски на 7-ми јули годинава со брзина од 83 километри на час под дејство на алкохол и марихуана ја прегази новинарката Тодоровска-Павловска, која се движела по тротоарот кај ТЦ „Зебра“. Обвинетиот пред Судот изјавил дека се кае за тоа што го сторил.
Бојан Блажевски ќе остане во притвор до правосилноста на судската одлука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
-

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј
-

„Македонија пат“: Патиштата се чистат во континуитет, сообраќајот се одвива непречено
-

Облачно со повремени локални врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
