Песков: Труењето на Скрипал не е прашање за Москва
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија не е прашање за руската Влада.
- Споменатиот руски државјанин работел за една од специјалните служби на Велика Британија, тоа се случило на територија на Велика Британија и на никаков начин не е прашање за Руската Федерација, односно раководството на Руската Федерација, рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Песков истакна и дека не слушнал за обвинувањата на британските политичари за можна вмешаност на Русија во овој напад.
Претседавачот со Комитетот за надворешни работи на британскиот Парламент, Том Тјугендхет претходно изјави дека нападот со нервниот агенс врз поранешниот руски шпиoн во јужна Англија изгледа како обид за убиство зад кој стои државата и очекува Москва да биде обвинета.
Тјугендхет за радиото Би-Би-Си истакна дека труењето на поранешниот руски воен разузнавач Сергеј Скрипал (66), кој шпионирал во корист на Велика Британија, и неговата ќерка Јулија (33), изгледа „токму како обид за убиство зад кој стои држава“.
Тјугендхет навел дека британската премиерка Тереза Меј денеска ќе одржи состанок на Советот за национална безбедност на кој ќе се расправа за овој инцидент.
- Очекуваме премиерката наскоро да излезе со соопштение и искрено би бил изненаден ако таа не го впери прстот кон Кремљ, посочи Тјугендхет.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје