Песков: Појавувањето на војници на НАТО во Украина ќе доведе до директен судар со Русија
Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи дека во тој случај не треба да се зборува за веројатноста, туку за неизбежноста на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.
Осврнувајќи се на вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема консензус за испраќање војници на европските земји во Украина, но дека „ништо не треба да се исклучи“, портпаролот на Кремљ кажа дека дискусиите на западните земји за можноста за испраќање свои војници во Украина претставува нов, многу важен елемент.
-Сите други елементи во говорот на францускиот претседател веќе се претставени на еден или друг начин и веќе ги зедовме предвид, рече тој, додавајќи дека Москва добро ја знае позицијата на Макрон – „на Русија треба да и се нанесе стратешки пораз.”
Тој додаде дека голем број земји кои учествуваа на вчерашниот состанок во Париз за поддршка на Украина имаат „прилично трезвена проценка за потенцијалната опасност од таков потег и потенцијалната опасност директно да бидат вовлечени во горлив конфликт“.
По вчерашната конференција за Украина во Париз, Макрон изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“. „Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за Русија да не победи“, рече Макрон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.
На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата соопшти дека целта на состанокот беше да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на ’наративот на Кремљ’ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.
Ново на Сител
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим