Песков: Ние сме подготвени вечерва да ги продолжиме преговорите
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска јави дека руската делегација е подготвена за продолжување на преговорите со украинската страна, но одби да прецизира на која локација ќе се одржи средбата, пренесува Тасс.
-Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва, рече Песков.
Кремљ со оваа изјава на Песков соопшти дека руските власти се подготвени за вториот круг од преговорите со Украина, но додава дека не е јасно дали на нив ќе се појават украински преговарачи.
Гардијан пренесе дека, според Песков, тие располагаат со контрадикторни информации од украинска страна за продолжувањето на преговорите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера децидно кажа, а утринава и повтори, дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп