Песков најави состанок на Путин и Ердоган во Техеран наредната седмица

Рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Техеран наредната седмица, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Вчера најавивме контакти на највисоко ниво меѓу Путин и Ердоган. Таков состанок ќе се одржи таму, појасни Песков.
Двајцата претседатели вчера телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и за прашањето околу снабдување со житарици, соопштија од кабинетот на турскиот лидер.
Според наведеното, лидерите разговарале за ситуацијата во Сирија, украинско-руската војна и за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на житарици.
Ердоган смета дека дошло време „да се преземе акција во рамки на Обединетите Нации за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на жито“.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
