Пешевски: Преку проектот „Македонија вработува“ досега отворени 15.200 работни места

Проектот „Македонија вработува“ се покажа како многу успешен и заклучно со денеска се досега отворени 15.200 нови работни места. Проектот уште трае и ќе завраши на 15 април, истакна Владимир Пешевски при отчетот на реализираните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него тие бројки значат дека 60 нови вработувања се отворале секој ден или како да се отворени 15 нови фабрики со по вработени 1000 лица.
-Оваа мерка не може во континуитет да се користи. Ги ослободивме од персонален данок и од плаќање задолжителни социјални придонеси компаниите. Оценивме дека сакаме да ја нападнеме невработеноста и превземавме мерки, истакна Пешевски.
Тој посочи дека проектот „ Македонија вработува“ не беше насочен кон една целна група туку беше насочен кон 5 категории на лица, невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години.
-Компаниите се уште можат да аплицираат и до крајот очекуваме бројот на работни места да достигне околу 16.000 лица. Распределбата е рамномерна помеѓу сите региони низ Македонија. По старосни групи најголем број вработувања имаат оние до 35 години. Проектот ги адресира прашањата на целото население. Оние кои се потешко вработливи на овој начин се покажа дека може да им се помогне, истакна Пешевски.
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
