Перински: Не е предизборен поткуп, повикот за финансирање проекти на општините

Повикот за финансирање проекти на општините не може да се дефинира како предизборен поткуп, затоа што сите градоначалници имаат можност да аплицираат и да добијат средства, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Гостувајќи на телевизија „Сител“, тој додаде дека и Градот Скопје може да аплицира за проекти. Но, запрашан што ако добијат проект за набавка на 250 нови автобуси, тој подвлече дека тоа не е инфраструктурен капитален проект што градоначалничката Данела Арсовска не може сама да го исфинансира.
- Бидејќи на средбата во Владата, рече дека Градот е во финансиска консолидирана состојба, истакна Перински.
Околу најавеното комплетно менување на Законот за локална самоуправа, Перински образложи дека „скопјани се сведоци на едно, за кое може да каже, недолично однесување од стана на еден од градоначалниците“.
- Сметаме дека Законот не треба да го овозможи тој комфор да не може да биде променет градоначалник. Нашата интенција е да донесеме модерно издржано решение решение согласно модерните времиња во кое функционираат општините, рече Перински.
Според него, има потреба од измена на Законоот, но тоа, како што посочи, не треба да биде од денес за утре, туку со широка дебата во која ќе бидат вклучени експерти и единиците на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
