Пентагон времено ги прекинува операциите против ИД

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека времено ги прекинува офанзивните опрации против џихадистичката група Исламска држва (ИД) во источниот дел на Сирија,
Портпаролот на Пентагон, Роб Менинг информира дека оваа „оперативна пауза“ е прогласена затоа што курдските борци, кои ги поддржуваат САД, започнале борба против турските сили.
- Иако операциите на терен времено се стопирани во долината на реката Еуфрат во близина на границата на Сирија со Ирак, американските воздушни напади врз упориштата на ИД продолжуваат, нагласи Менинг.
Тој информира дека припадниците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои како дел од коалицијата Сириски демократски сили со поддршка на САД се бореа против борците на ИД во долината на Еуфрат, спротивно на желбата на Вашингтон, преминале во реонот на Африн во северозападна Сирија.
Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари ја почна оперцијата „Маслиново гранче“ против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн, со цел да ги потисне нивните борци од реоните долж сириската граница кон Турција.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
Ново на Сител
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
