Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
– Пентагон ги отфрли извештаите дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил доверливи информации во врска со плановите за воени напади против јеменските бунтовници Хути на апликацијата за пораки Сигнал, јави ДПА.
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен објавија дека Хегсет споделил детали за нападот во март врз Хутите поддржани од Иран во групата „Сигнал“ во која биле неговата сопруга, брат и личен адвокат.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, ја отфрли веродостојноста на извештаите на медиумите, истакнувајќи дека тие се засновани на „поплаки од незадоволни поранешни вработени“.
Високиот советник на Хегсет, Ден Колдвел и уште двајца функционери на Пентагон беа ставени на административно отсуство – практично суспендирани и беше објавено дека тие се под истрага за протекување информации.
„Медиумите кои го мразат Доналд Трамп продолжуваат да бидат опседнати со идејата да го уништат секој кој е посветен на извршување на агендата на претседателот“, се наведува во изјавата на Парнел, цитирана од ДПА.
„Немаше доверливи информации во ниеден разговор на Сигнал, без оглед на тоа на колку начини се обидоа да ја напишат оваа приказна. Она што е точно е дека канцеларијата на секретарот за одбрана продолжува да станува посилна и поефикасна во спроведувањето на агендата на претседателот Трамп“, додаде Парнел.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот