Пентагон: Американските воени бродови легитимно спроведуваат операции во Јужното Кинеско Море
Американски воени бродови редовно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и во Јужното Кинеско Море, во согласност со меѓународното право и овие маневри ќе продолжат, соопшти Пентагон.
- Силите на САД секојдневно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и Јужното Кинеско Море. Сите операции се спроведуваат во согласност со меѓународното право и покажуваат дека САД можат да вршат летови и да се движат по море секаде каде тоа е дозволено со меѓународното право, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, Кристофер Логан.
Коментарот на Логан доаѓа по изјавата на кинеското Министерство за одбрана, за кое вчерашната пловидба на два американски воени брода во близина на Парацелските острови во Јужното Кинеско Море е „сериозно нарушување на суверенитетот“.
- Ние продолжуваме со нашите операции со цел гарантирање на слободата кои ги спроведувавме во минатото во согласност со воспоставениот ред и ќе продолжиме и во иднина, рече Логан.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот