Пендаровски: Реториката на историчарите од Софија ја отежнува работата на Историската комисија
Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека реториката што се слуша од бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања ќе ја отежнува нејзината работа и ќе ги обременува вкупните билатерални односи.
– Она што мислам дека ја отежнува и ќе ја отежнува работата на Историската комисија и ќе ги обременува вкупните билатерални односи независно што направивме вкупно пет комисии, освен Историската, е реториката која се слуша од време навреме од членови на Историската комисија од Софија, кои на дневна основа се обидуваат уште пред да се сретнат со своите македонски колеги да наметнат како треба да биде решението во работењето на таа Комисија, изјави денеска Пендаровски на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање.
Мој совет до сите тие, додава Пендаровски, е „помалку зборување по медиуми, помалку прејудицирање на исходот од работата на таа Комисија, а повеќе конкретни резултати, но само низ рамноправен дијалог со нивните македонски колеги“.
– Новиот пристап кој премиерот Петков го промовираше кога дојде во Скопје беше прилично поразличен од досегашниот. Во изминатава година и пол акцентот на инсистирање на Софија се разбира беше премногу ставен на Комисијата составена од историчари и де факто иако тоа не го пишува во Договорот од 2017, историјата или усогласувањето, како што велат тие, околу т.н. заеднички точки, заеднички места во историјата, беше предуслов за почнување преговори за членство во ЕУ, рече Пендаровски.
Новиот пристап кој го поздравија и во Скопје и меѓународна заедница и Брисел, појасни Пендаровски, подразбира Историската комисија да биде само една од петте комисии кои ќе работат и врз основа и напредокот во останатите работни групи и комисии освен оваа Историската ќе се проценува тоа дали Северна Македонија до крајот на претседавањето на Франција ги исполнува условите или заслужува да биде држава која ќе ги почне преговорите по 17 години чекање со статусот на кандидат.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога