-->
-->
Пендаровски: Петте точки на бугарското МНР се маркетиншки трик
-->
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија Шефот на државата Стево пендаровски за писмото од бугарското МНР кое беше испратено по состанокот на европскиот Совет, го оцени како маркетиншки трик.– Станува збор за макретиншки трик затоа што тоа е одговор на нашиот предлог за акциски планови и секторска соработка. Тоа стига во Скопје два дена после Европскиот совет. Тие пет точки, кога би биле само тие, ние ќе почневме преговори уште лани. Се работи за обид да се претстави реалната ситуација малку поинаку, истакна Пендаровски.
Во однос на обвинувањата од опозицијата дека Владата го распродаваат државниот идентитет, Пендаровски, повикувајќи се на она што му го кажал премиерот, рече дека такво нешто, нема.
– Не можам да шпекулирам дали тоа се случувало. Можам да ви кажам само што премиерот ми кажа дека е разговарано. Од се што мене премиерот ми го кажа, нема такво нешто, ниту пишано, ниту вербално. Тоа е она што го знам, рече Пендаровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
-

Оклахома го победи Детроит по продолжение, Гилџус-Александар постигна 47 поени
-

Зеленски: Постигнати историски договори со земјите од Заливот
-

Рубио: САД можеби ќе го преиспитаат НАТО поради ограничената поддршка од сојузниците во Иран
-

Без струја делови од Бутел и Карпош, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино
