Пендаровски: На граѓаните не им треба уште еден Иванов, туку вистински претседател кој ќе се грижи за интересите на граѓаните и државата

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска го посети Прилеп.
На средбите со граѓаните Пендаровски разговараше за придобивките и позитивните промени кои ќе ги донесе членството во НАТО и Европската унија.
Граѓаните сакаат претседател кој ќе биде праведен и правичен. Кој ќе ја изнесе државата на вистинскиот пат. Вистински претседател за сите граѓани, кој ќе ги слуша потребите на граѓаните и кој ќе се залага за напредокот на државата.
-Како претседател ќе се фокусирам на напредокот на државата и интересот на граѓаните. Граѓаните сакаат да одат на напред, на нашите граѓани им е смачено од поделби, им е смачено од кочење заради партиски интереси. Јас тоа нема да го дозволам и ќе се борам нашата земја да оди напред. - Порача Пендаровски од Прилеп.
Заедничкиот кандидат Стево Пендаровски во Прилеп оствари средба и со здружението на борци од НОБ и бранителите. На средбата се зборуваше за сигурноста на границите и стабилноста на државата што ги обезбедува и гарантира членството во НАТО.
Посетата на Прилеп заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски ја заврши со посетата на ромската населба Тризла.
Интеграцијата во НАТО и ЕУ значат безбедност но значат и повеќе пари, поголеми инвестиции, нови и добро платени работни места. Заедно да чекориме напред, кон иднинатана, посочи Пендаровски.
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
