Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп при што двајцата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двет земји и констатирале дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во двете земји, како и за актуелните состојби во регионот.
-Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Република Турција за евроатлантските аспирации на Република Северна Македонија. Претседателот изрази очекување дека Република Турција, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО, се наведува во соопштението.
Претседателот Пендаровски, се додава, истакнал дека членството на Република Северна Македонија во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во земјава.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест