Пендаровски денеска ќе добие уверение, утре ќе биде инаугуриран во Собранието

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија ќе добие уверение дека е избран за шеф на државата.
Претходно ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори.
Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.
На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.
Стево Пендаровски ќе биде петти шеф на државата од нејзиното осамостојување. Пред него претседателската функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
