Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски

Вековното чествување на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската Книжевна школа и обмислувачот на кирилското писмо и старословенската култура е долг на македонскиот народ кон неговото дело, додека самото одбележување на празникот претставува настан од големо значење и за европската култура и цивилизација, вели претседателот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски во честитката што МИА ја пренесува интегрално.
Св.Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, макотрпно работејќи на образовното, моралното, етичкото и духовното издигнување на народот на Македонија, кај луѓето ги всадувал позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримството, трпението, разбирањето, милоста ...
Визијата на Свети Климент Охридски, подеднакво на светогледот на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува современото општество.
Делото на Св.Климент Охридски е историски тежок товар, но и голема гордост за македонскиот народ, затоа и со право го славиме Светецот и наш заштитник чие духовно, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Мисијата на нашиот учител и заштитник Св.Климент Охридски е должна за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност претставува обврска за сите.
Вековното чествување на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската Книжевна школа и обмислувачот на кирилското писмо и старословенската култура е долг на македонскиот народ кон неговото дело, додека самото одбележување на празникот претставува настан од големо значење и за европската култура и цивилизација.
Св.Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, макотрпно работејќи на образовното, моралното, етичкото и духовното издигнување на народот на Македонија, кај луѓето ги всадувал позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримството, трпението, разбирањето, милоста ...
Визијата на Свети Климент Охридски, подеднакво на светогледот на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува современото општество.
Делото на Св.Климент Охридски е историски тежок товар, но и голема гордост за македонскиот народ, затоа и со право го славиме Светецот и наш заштитник чие духовно, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Мисијата на нашиот учител и заштитник Св.Климент Охридски е должна за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност претставува обврска за сите.
Честит и благословен да е празникот на нашиот велик и свет учител, Свети Климент Охридски да штити и да нѐ води кон мир, достоинство и духовна сила!
МИА
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
