Пендаровски-Ангелов: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат позитивен тренд во политичките и економските односи
Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави. Ова било нагласено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.
Пендаровски, како што информираат од Кабинетот, истакнал дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на државата во НАТО.
Двајцата соговорници го потенцирале значењето на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, во насока на негова целосна интеграција во Европската унија, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест