Педро Аграмунт избран за нов претседател на ПССЕ
Шпанскиот парламентарец Педро Аграмунт денеска е избран за нов претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јави дописникот на МИА од Стразбур.
Шпанскиот сенатар Аграмунт е член на во Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 26 јуни 2000.
На функцијата претседател тој беше избран по договорот меѓу политичките групи во ПССЕ.
Аграмунт, досега беше претседател на Пратеничката група на Европската народна партија, која е најбројната во ПССЕ.
За македонската јавност тој е познат како член на групата што го подготви извештајот на Паневропската асамблеа за користењето на привременото име на Република Македонија во Советот на Европа во 2008 година.
Тој е избран со мандат од една година и со право на реизбор за уште една година.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати