Пецас: Секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за влез во Грција
Грција секоја седмица ќе ја разгледува и ќе ја оценува ситуацијата со туристите во земјата, а секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за кои ќе биде дозволен влез, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите.
-Листата ќе се ажурира секои две седмици, но ние секоја седмица ќе имаме проценка како поминала претходната, за навремено, да биде соопштено, секогаш во соработка со нашите партнери, за да постои неопходната подготовка, рече Пецас.
За копнените граници, објасни дека на границата со Бугарија, влезот за посетители е дозволен само од преминот Промахонас (Кулата), додека пак на премините со Северна Македонија, Албанија и Турција, дозволени се само преминување oд есенцијални причини.
Говорејќи за туризмот објасни дека епидемиолозите се подготвени за сите сценарија, доколку биде потребно да се интервенира при евентуален зголемен број на случаи на Ковид-19 и додаде дека првите 15 дена од месецов „ќе бидат денови кога ќе се собираат податоци и ќе се следи ситуацијата, не само со туристичките бранови, туку и со резултатите од спроведените тестови“.
Во однос на вчерашниот прв ден од отвoрањето на аеродромите во Грција, Пецас рече дека на 16 од нив биле направени 5.889 тестови, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети