Пецас: Договорот од Преспа е меѓународна спогодба од која Грција не може да се ослободи

Како основен критериум и компас во надворешната политика, Грција секогаш го има меѓународното право, а еден меѓународен договор како што е Договорот од Преспа, иако предупредувавме дека е штетен, сепак беше ратификуван и дава резултати, изјави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на ставот на поранешниот премиер на Грција од редовите на Нова демократија, Андонис Самарас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пецас рече дека позициите на Самарас се познати и истакна дека Нова демократија (НД) „уште од прв момент го изрази нејзиното противење за Договорот од Преспа”.
– (НД) направи сѐ што можеше за да не се потпише, вклучувајќи и предлог за гласање недоверба на Владата, направи сѐ што можеше да не се ратификува и секогаш предупредуваше дека од моментот кога ќе се ратификува, произведува резултати од кои Грција не може да се ослободи. Грција е земја, како што реков и претходно во однос на темите што се однесуваат на грчко-турските односи, што секогаш како основен критериум и компас во надворешната политика го има меѓународното право. Според тоа, еден меѓународен договор како што е Договорот од Преспа, иако предупредувавме дека е штетен договор, беше ратификуван и дава резултати, рече Пецас.
Како што вчера објави МИА, поранешниот грчки премиер Андонис Самарас при неговото обраќање на 13-от Конгрес на владејачката Нова демократија рече дека политичкото прашање е како Грција ќе се ослободи од Договорот од Преспа, без да ја плати цената.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
