Пауза во Собранието за координација на пратениците
Пратениците во Собранието на Македонија попладнево на продолжението на 32. седница изгласаа повеќе точки од дневниот ред. По гласањето, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери објави пауза од половина час за кооринација на пратерниците за понатамошната работа на Парламентот.
Претходно, Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците со која требаше да почне денешното продолжение на седницата.
Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка истакна дека била направана грешка во редоследот на гласањето на точките 26 и 27 и побара стенограмски белешки.
Џафери одговори дека нема грешка по точка 26, бидејќи констатирал дека не се создадени услови за гласање и не се гласало по неа.
Пратениците во попладневната сесија гласаа по повеќе точки за кои расправата беше претходно завршена и донесоа десетина одлуки и годишни планови за државни органи и институции, меѓу кои за Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Македонската радио телевизија, Агенцијата за поши, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Собранието ги усвои и одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ - Охрид и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година.
Ново на Сител
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра