Пауза во Собранието на почетокот на седницата за законот за јазици

Во Собранието на Република Македонија на почетокот на првото продолжение на 15. седница на која треба да се расправа за Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање, е објавена едночасовна пауза, на барање на координаторот на пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска.
На почетокот на продолжението на седницата, Зоран Илиески, исто така координатор на пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, процедурално изнесе став дека тие како најголема опозициска партија во Парламентот, упатиле отворено писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери во кое, како што рече, го информира кои членови од собранискиот Деловник се прекршени за Предлог законот за употреба на јазиците.
Илиески го повтори ставот дека за предложениот закон матична треба да биде Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а не Комисијата за европски прашања. Не се исполнети условите законот да се носи со предзнак на европско знаме, рече Илиески кој побара и јавна расправа за законот.
По процедуралната реакција на Илиески, неговата сопартијка Ласоска побара пауза од еден час. Првично Џафери не го прифати барањето и побара собраниските служби да извадат список на пријавени за збор за законот. По инсистирањето на Ласоска, со цел, како што рече таа, да не се повторат напнатите ситуации од вчера, објави пауза.
Ново на Сител
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
