Парламентот на Венецуела против одлуката на Мадуро за излегување од ОАС
Парламентот на Венецуела, кој е под контрола на опозицијата официјално достави дека нема да ја напушти Организацијата на американски држави (ОАС) со седиште во Вашингтон, што е спротивно на одлуката на претседателот Николас Мадуро.
- Ги доставувам документите, кои едногласно беа одобрени од венецуелскиот Парламент, со цел да се спречи излезот на Венецуела од ОАС, изјави пратеникот Хулио Борхес по средбата со генералниот секретар на Организацијата, Луис Алмагро.
Тој додаде дека процедурата на венецуелската Влада е апсолутно невалидна, бидејќи Уставот забранува повлекување од меѓународен договор, кој вклучува заштита на човековите права.
ОАС не прецизира дека барањето на Парламентот ќе се одрази на процедурата за излегување на Венецуела, за што Мадуро официјалчно го извести Алмагро.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето