Парламентарните избори во Полска закажани за 25 октомври
Полскиот претседател во заминување Бронислав Коморовски денеска соопшти дека редовните парламентарни избори во Полска ќе се одржат на 25 октомври.
Крајниот термин за одржување на изборите е крајот на октомври, имајќи предвид дека преходните избори за членови на полскиот Парламент, чиј мандат е четири години, се одржаа вo октомври 2011 година.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека овие избори би можеле да стават крај на осумгодишното владеење на демохристијанската партија Граѓанска платформа (ПО) и на власт да ја доведат конзервативната популистичка партија Право и правда (ПиС) на попранешниот премиер Јарослав Качињски.
Вовед во ваквата промена на власта, според аналиитчарите, беше и неочекуваниот пораз на Коморовски на претседателските избори во мај година, на кои со тесна разлика победи кандидатот на ПиС, Анджеј Дуда. Дуда треба да ја преземе претседателската функција следниот месец.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација