Парламентарни избори во Канада
Околу 26,4 милиони Канаѓани со право на глас денеска ќе избираат 338 пратеници на новиот состав на Долниот дом на канадскиот Парламент.
Првите гласачки места ќе бидат отворени во 13 часот по средноевропско време, а поради неоколкуте часовни зони во земјата, гласањето ќе трае до утре изутрина во четири часот по средноевропско време.
Според анкетите на јавното мислење, на овие петти парламентарни избори во Канада во последниве 11 години, се очекува неизвесна трка за победа меѓу владејачките конзервативци и опозициските либерали.
Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека Либералната партија може да се надева на меѓу 33,5 и 37,1 отсто од гласовите, Конзервативната на меѓу 29,4 и 32,6, а социјалдемократската Нова демократска партија меѓу 22,9 и 24 проценти.
Но, поради мнозинскиот изборен систем во кој кандидатот што ќе освои најмногу гласови во една изборна единица дирекно е избран за пратеник, распоредот на пратеничките мандат најверојатно нема на соодвејствува на проценталната популарност на партиите.
Па така, анкетите ппредвидуваат дека либералите ќе освојат меѓу 110 и 150 пратеници, конзервативците меѓу 100 и 141, а новите демократи меѓу 63 и 101 мандат.
Покрај, овие три партии, влез во новиот Парламентот се очекува да обезбедат и сепаратистичкиот Квебечки блок, кој може да се надева на меѓу едно и 11 пратеници, и Зелените, кои се очекува да освојат еден мандат.
Во такви услови, аналитичарите оценуваат дека независно од тоа кој ќе освои најмногу пратенички места во Долниот дом на Федералниот парламнет, Канада ќе влезе во период на управа на нестабилна малцинска влада.
Проценките се дека новиот шеф на канадската влада треба да се бара меѓу либералот Жастин Трудо, син на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо, и актуелниот вршител на премиерската функција, конзервативецот Стивен Харпер.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп