Парламентарни избори во Белорусија

Во Белорусија денеска се гласа на парламентарни избори, кои Западот внимателно ќе следи, за да видат колку слободен простор ќе им биде овозможен на опозициските кандидати од страна на претседателот Александар Лукашенко.
Лукашенко (65) управува со источноевропската земја четвртина век, но почна да дозволува дел од опозицијата да се обиде да ги зајакне врските со Западот додека односите со Москва и понатаму се нарушени.
Во септември, САД и Белорусија објавија дека ќе ги обноват односите на амбасадорско ниво за првпат од 2008 година.
Вашингтон исто така сигнализираше дека може да ги намали санкциите кон Минск, во зависност од тоа како се спроведуваат парламентарните избори и претседателските избори во 2020 година.
Санкциите на САД и ЕУ, наметнати врз Белорусија поради нејзиниот третман кон политичките ривали, во голема мерка беа укинати во 2016 година по ослободувањето на политичките затвореници и другите реформи.
Но, односите со Русија, традиционален сојузник, се нарушени откако Минск одби да ја прифати анексијата на Русија на украинскиот Кримски Полуостров во 2014 година.
Москва ги укина и субвенциите за Белорусија.
На последните парламентарни избори во 2016 година, Лукашенко им дозволи на двајца кандидати од опозицијата да освојат места во 110-члениот Парламент за првпат во две децении, иако на двајцата им беше забрането да се натпреваруваат сега.
Околу 300 кандидати од опозицијата се на изборите, иако на некои други не им беше дозволено да се регистрираат. Изборите ги закажа Лукашенко на 5 август.
Денешното гласање го следат 1.032 меѓународни и 28.000 локални набљудувачи. За 110-те места во Долниот дом има 514 кандидати.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
