Парламентарни избори на Кипар
Гласањето на изборите за нов состав на Парламентот на Република Кипар започна денеска во седум часот по локално време. Главното законодавно тело на земјата се избира за мандат од пет години.
Околу 2.100 полицајци се ангажирани за безбедноста на изборите. Резултатите од гласањето се очекуваат да бидат објавени во вечерните часови.
Формално, има 80 места во Претставничкиот дом на Кипар, од кои 70 отсто (56 места) се предвидени за заедницата на кипарските Грци на островот, а останатите 30 проценти (24 места) за турската заедница. Сепак, претставници на турската заедница не учествуваат на изборите за Парламент на Република Кипар од 1964 година и овие 30 отсто од пратеничките места се сметаат за испразнети. Затоа, битката ќе се води за 56 места. За нив се натпреваруваат 658 кандидати, од кои 651 претставуваат 15 партии, движења или блокови на политичките сили, а останатите седум се независни кандидати. Околу една четвртина од вкупниот број кандидати (160 лица) се жени.
Моментно на Кипар има 557.589 гласачи. Експертите предвидуваат слаб одѕив на гласачите. Тие, исто така, предвидуваат победа на владејачката десноцентристичка партија Демократски собир со мала предност пред левичарската Напредна партија на работничкиот народ на Кипар.
Ново на Сител
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
