Парк-шумата Водно од утрово ослободена од градежна механизација - МВР ги повика сопствениците на разговор
Сопствениците на парцелите на кои вчера работеше градежна механизација во парк-шумата Водно, се повикани во полициска станица. Во известувањето од Општина Центар велат дека и денеска инспекторите прават увид на моменталната состојба на теренот.
-Се работи за четири парцели во приватна оспственост, кои се надвор од Деталниот и Генералниот урбанистички план и се водат како лозја. Во врска со случајот, сопствениците од страна на МВР се повикани на разговор во полициска станица и доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни пријави, информираат од Општина Центар.
Во меѓувреме, денеска ја нема градежната механизација која вчера камерата на Сител ја регистрираше на локацијата. Багери и Камиони работеа на расчистување на теренот покрај пешачката патека Словенска која води до Средно Водно.
Ново на Сител
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
