Парична казна за 15 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Сите обвинети, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија, во одделни настани, за време на полицискиот час биле затекнати како се движат пеш, со велосипеди или возила низ градот. Со преземените дејствија тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија.
Обвинителството на судот му предложил на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи