Папата во својот дом органиизраше ручек за 21 сириски бегалец

Папата Франциско вчера во неговиот дом во Ватикан организираше ручек за 21-те сириски бегалци, речиси сите муслимани, кои изминативе неколку месеци ги доведе во Рим, соопшти Светата Столица.
Дванаесетмината од овие бегалци се најдоа на насловните страници на весниците кога папата непланирано ги поведе со себа во Рим, по посетата на грчкиот остров Лезбос на 16 април годинава. Останатите деветмина пристигнале во италијанскиот главен град во јуни.
Сите гости на ручекот кај папата се муслимани, освен една христијанска брачна двојка. Нивното сместувањето и финансиските трошоци во Ватикан ги обебзеудва католичката Заедница на Свети Егидиј.
Во текот на ручекот во Куќата на Света Марта, која папата Франциско ја одбра за свој дом во Ватикан, бегалците со него разговараа за искуствата од првите месеци на нивниот претстој во Италија. Децата на папата му ги подариле нивни цртежи, а тој ним им подарил играчки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
