-->
-->
Папата се моли за жителите на филипинскиот остров Минданао
-->
Папата Франциск изјави дека се моли за населението на Минданао, филипински остров, кој настрада од поплави и лизгање на земјиштето.
Во денешното обраќање кон присутните на плоштадот „Свети Петар", неколку часа пред литургијата за Бадник, папата рече дека бурата „предизвика бројни жртви и големи разурнувања".
Светиот отец истакна дека сака да го увери населението на Минданао дека се моли за него, дека се моли „милостив Бог да ги прифати душите на загинатите и да ги утеши сите, кои страдаат од оваа катастрофа".
-Да се помолиме за овие луѓе, ги повика тој насобраните на плоштадот.
Во невремето кое го зафати овој филипински остров, загинаа повеќе од 120 луѓе, а околу 160 се водат за исчезнати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија