-->
-->
Папата Франциско: Сирија треба повторно да стане пример за мирен соживот на различни религии и култури
-->
Папата Франциско изрази денеска „длабоки симпатии кон Сирија и нејзиниот народ, кој се наоѓа во тешки околности“, јави ТАСС.
Тоа се истакнува во неговото писмо кое беше врачено на сирискиот претседател Башар ал Асад од страна на претставникот на папата Марио Зинари во Дамаск.
Во беседата со сирискиот лидер, тој од името на Ватикан ги осуди сите „појави на екстремизам и тероризам“.
Во писмото на поглаварот на Римокатоличката црква стои повик за „удвојување на напорите на сите земји за најскоро завршување на воениот конфликт и за враќање на мирот во сите делови на Сирија“.
- Сирија треба одново да стане пример за мирно заедничко постоење на различни религии и култури, нагласува папата Франциско во писмото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција