Папата Францис: Стравот и темнината не смеат да надвладеат
Папата Францис им порача на собраните верници дека стравот и темнината не смеат да надвладеат и оти надежта која ја носи Велигден им дава лекција на христијаните да ја остават настрана безнадежноста, „која прави луѓето да бидат заробени во самите себе“.
- Ние ги гледаме и ќе ги гледаме проблемите какви се однадвор и одвнатре, тие секогаш ќе бидат тука. Но не смееме да дозволиме темнината и стравот да ни попречуваат и да ги контролираат нашите срца, порача папата во велигденската порака.
За време на велигденската миса папата крштевање 12 лица од сите краеви на светот, кои се преобратиле во католичката вера, вклучувајќи шестмина Албанци и еден Кинез.
Папата на Велики Петок го осуди насилството без преседан, кое го вршат исламистите, додавајќи дека верниците кои вршат терористички акти го понижуваат името Божје.
Италија ги зајакна мерките за безбедност на овогодинешната прослава на католички Велигден, по нападите во Брисел.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани