„Папамобил“ утре ќе се вози низ скопските улици

Папата Франциск при утрешната посета на земјава се очекува да се вози низ скопските улици во специјалното возило наречено папамобил. Ваквото возило најчесто се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува.
Историјата на користењето на специјалниот автомобил „папамобил“ почнува од 1929 година кога било дизајнирано првото специјално возило за папата. Претходно од 1800 до 1929 година папата се возел со кочија опремена со кралско столче за формалните посети.

Првото папавозило било „фиат 525“, па следеле „грахам-пејџ 837“, „ситроен ликтори ц6“, „фиат кампањола“, „кадилак де вил парад фаетон“, „мерцедез-бенц 300д“, „фсц стар“, „форд д“, „рејнџ ровер стејт ривју“,…. Во историјата се бележи и користење на култното „рено 4“ како папамобил, модифицирани „џип вранглер“, „хјундаи санта фе“, „џипни“, „исузу д-макс“, „киа седона“, „фиат 500л“,„тојота“,…. Моментално папата користи „мерцедез-бенц г класа“.

Папамобилот најчесто е отворено возило со специјален стаклен дел во кој е поставена кралска столица на која седи папата и им отпоздравува на собраните верници кои се присутни на улиците низ кои се движи за да го водат и да го поздрават поглаварот на Римокатоличката црква.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
