Палењето стрништа предизвикаа 16 пожари во Гевгелија, Богданци и Дојран
Во првата половина од овој месец во општина Гевгелија и соседните општини Богданци и Дојран биле регистрирани 16 пожари на отворено, предизвикани од палење стрништа и покрај забраната и високите парични казни кои се предвидуваат за прекршителите, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица од Гевгелија која дејствува на територијата на споменативе три општини.
- Сите пожари, по дојавата, беа на време локализирани и беше спречено нивно проширување на поголеми површини, што секако е наша цел и приоритет при дејствувањето, меѓутоа за нас е забележливо дека сите пожари се предизвикани од палење на стрништа, меѓи или други земјоделски површини и покрај тоа што на време апелиравме на внимателност, рече Драги Делев, командир на ТППЕ Гевгелија.
Поради ваквото несовесно однесување на поединци, гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, денеска побара засилување на казнената политика и поднесување кривични пријави против сите лица кои без да водат сметка за последиците, потпалуваат сува трева и стрништа.
Без оглед на тоа што сите пожари се изгаснати, сепак причинети се големи материјални штети и непотребни трошоци на ТППЕ Гевгелија.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници