Македонија
4. December 2023 - 10:59

Палчо ја напуштил Македонија заедно со неговиот адвокат

Првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е во бегство заедно со уште едно лице, поточно неговиот адвокат. Надлежните рекоа дека не можат да го откријат идентитетот на адвокатот поради истрагата.

Државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград. Потоа оттаму отишол во Бугарија, а сега полицијата е во траг на Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа.