-->
-->
Пад на цените на нафтата
-->

Цената на нафтата на светските берзи денеска забележа пад поради стравувањата на трговците дека агресивниот одговор на централните банки на инфлацијата и на зголемувањето на каматните стапки ќе ја ослабат светската економија и побарувачката на гориво.
На берзата во Лондон барел нафта за испорака во октомври се тргуваше за 101,19 долари, што е намалување за 3,9 долари во однос вчерашната цена. Додека за нафтата што треба да биде испорачана во ноември, цената на барелот беше пониска за 3,24 отсто и изнесуваше 99,59 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,89 долари односно за 94,12 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
