Преглед на вестите од светот
На индиректните преговори помеѓу САД и Иран постигнат е значителен напредок, изјави шефот на оманската дипломатија по завршувањето на разговорите во Женева. Тој најави дека наскоро ќе има нова рунда преговори, по консултациите во Вашингтон и во Техеран, воедно посочи и дека следната недела во Виена, каде е седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се одржат разговори на техничко ниво. Преговори за иранската нуклеарна програма во Амбасадата на Оман во Женева траеја околу три часа.
Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епстин и Гилејн Максвел. Таа и претходно изјави дека нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон патувал со Епстин на добротворни настани, а таа не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот, осуден сексуален престапник. Хилари призна дека била во контакт со поранешната девојка и блиска соработничка на Епстин, Максвел, која присуствуваше на свадбата на нивната ќерка Челси Клинтон во 2010 година.
За денеска е закажано сослушувањето на Бил Клинтон. Првпат поранешен претседател ќе сведочи пред Конгресот. Тие двајцата првично одбија да сведочат, но подоцна попуштија откако пратениците се обидоа да ги обвинат за непочитување на Конгресот
Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, им се заблагодари на ФИФА и на нејзиниот претседател, Џани Инфантино, за поддршката на плановите на Мексико за Светското првенство и потврди дека местата за домаќинство ќе останат непроменети, откако избувна насилство по апсењето и смртта на најбараниот водач на картелот во Мексико, особено во државата Халиско.
Мексико треба да биде домаќин на 13 од 104 натпревари на турнирот, вклучувајќи четири во Гвадалахара, а исто така е предвидено да организира и прелиминарни загревачки натпревари пред отворањето на Светското првенство на 11 јуни.
Сосема спротивна е реакцијата на од ФИНА и Светското првенство во скокови во вода, закажано за почетокот на март во Мексико, е откажано, а причината е избувнувањето на насилството по апсењето и смртта на најбараниот водач на картелот во Мексико, особено во државата Халиско. Оваа одлука е донесена по консултации со Мексиканската федерација „Безбедноста и учеството на сите спортисти остануваат фундаментален. Оваа недела во Месико со одржува АТП турнирот во Акапулко иако и неговото одржување беше неизвесно особено што немирите избуваа во неделата.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
