Македонија
29. February 2024 - 13:14

Ознака „НМК“ покриена со налепница „вие не сте Македонци, Македонија е грчка“ во Грција

Нова провокација во Грција. Со скандалозна налепница покриена ознаката „НМК“ на регистарска табличка на автомобил од Скопје.

Над сината лента со ознака „НМК“ на регистерската табличка, непознат сторител залепил скандалозна налепница на која пишува: „Вие не сте Македонци, Македонија е грчка“.

Фотографијата од регистарската табличка е споделена на Фејсбук.