Овие три навики ја уништуваат вашата линија
Пиењето на првото утринско кафе е вистинско задоволство, но и можност да се грицне нешто слатко и во добро расположение се започне денот.
Колаче по колаче, речиси незабележливо, почнува да се таложат вишок на калории околу половината. Имено, американските експерти после едно истражување за навиките поврзани за исхраната и конзумирањето алкохол, врз основа на 22.000 испитаници утврдиле дека со едно кафе во просек се внесуваат и до 108 калории повеќе.
За витката линија лошо влијание има и алкохолот, затоа што после чашка алкохол организмот има потреба за уште 384 дополнителни калории, додека кај соковите зголемениот внес на храна сведен е на околу 226 калории на ден. Исто така, и пиењето чај не е секогаш целосно безопасен, затоа што со овој пијалак се внесувааат и 64 дополнителни калории. Секако, за „перници“ околу половината не е виновен само алкохолот, туку навиката со омилените пијалаци јадеме некои намирници кои го зголемуваат уживањето.
Така, со чај најчесто се конзумираат чајни колачиња, а со кафе чоколадо, колач или парче торта. Газираните сокови обично ги пиеме откако ќе се изеде хамбургер, едно парче пица или некоја друга брза храна. Затоа доколку се сака да се задржи витката линија, може и натаму да се ужива во омилените пијалаци, но умерено. А слатките работи да се прескокнат.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата