Овации за „Среќен крај“ на Битолскиот театар во Израел

Со силен аплауз и овации беа поздравени актерите на Народниот театар од Битола кои синоќа во израелскиот град Акре ја изведоа претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски.
Претставата која беше прикажана во рамките на 36-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „АККО“, наиде на голем интерес кај многубројната публика, меѓу кои беа и претставници од македонската амбасада во Израел, театарската критика, како и авторот на текстот Иддо Нетанјаху кој не го криеше задоволството од успешниот настап на актерите од Битолскиот театар.
Поради огромниот интерес за проследување, претставата „Среќен крај“ која обработува една семејна драма во 30-тите години во Берлин, и вечерва ќе биде одиграна пред израелската публика, а веќе на први октомври ќе има трета изведба во Тел Авив, во еден од најеминентните театри во Израел, Камери театарот.
Изведбата на претставата „Среќен крај“ во Израел претставува сегмент од богатата културна програма која Министерството за култура и Амбасадата на Државата Израел во Република Македонија ја подготвија по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Република Македонија и Државата Израел. Исто така, големиот јубилеј помеѓу двете земји, до крајот на годината ќе биде одбележан и со концерт на еден од најистакнатите македонски камерни ансамбли, Скопскиот дувачки квинтет, кој ќе има настап во израелската метропола Тел Авив.
Ново на Сител
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
