Оваа млада Македонка имала преку 100 килограми, а сега изгледа како манекенка
Мартина Ангелковска (18) во февруари 2015. година застанала на вага и го видела бројот 102,5. Била згрозена и решила веднаш нешто да промени и благодарение на цврстата волја и исправната исхрана денес има 52 килограми помалку. И изгледа како манекенка.
Оваа млада Македонка која денеска гордо ја покажува својата витка линија на која многумина девојки би и позавиделе, пред само година ипол не можела да најде облека поради вишокот на килограми. Тогаш сфатила дека дефинитивно мора нешто да промени и се приклучила на програмата за хроно исхрана, благодарение на тоа денеска има 50 килограми.
- МОјата приказна за слабеењето почнува ужасно, бидејќи еден ден застанав на вага и го видов бројот 102,5 килограми. Бев многу тажна, не можев да најдам што да облечам и плачев секој ден. Мноугмина ми зборуваа дека сум преубава и со вишокот на килограми, но јас знаев дека морам нешто да промена, раскажува Мартина за 24 sata.
Како што вели една пријателка и ја препорачала хроно диетата и се зачленла на Фејсбук страната каде луѓето едни со други делат бесплатни совети за слабеење.
- Се зачленив во таа група и тоа беше вистинскиот потег кој ми го промени жвиотот, изјавила таа.
- Ги гледав сликите од луѓето кои ослабеле и рецептите и тоа многу ме мотивираше. На почетокот беше тешко, но издржав машки. По првиот месец не симнав ниту еден килограм, но обемот на струкот ми се намали, што ми даваше надеж да продолжам понатаму, а потоа и вагата почна да ги покажува првите резултати, вели Мартина за хрвасткиот портал.
За година и четитри месеци колку што ја држела диетата, ослабела неверојатни 52 килограми, што е повеќе од половина од нејзината почетна тежина. Кога ги постигнала посакуваните резултати престанала строгата исхрана, но продолжила со хроно правилата.
Менито на Мартина:
Штом се разбуди: Лимонада без шеќер
Доручек половина час покасно: Зелена салата, две варени јајца, маслинки и домашен хроо леб
Ручек пет часа покасно: Месо, зеленчк и супа
Вечера пет часа покасно: Зелен зелнчук, печени тиквици или белки од јајца или шампињони.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија