Ова се убиените мајка и син во Козле

„Јави ми се итно на другиот телефон“- вака гласела псоледната смс порака која стасала на телефонот на убиената Ѓулчин Ерчобан. Испраќачот бил од Турција. Полицијата дел по дел го сложува молзаикот за двојното убиство на мајката и синот во скопско Козле. Но случајот крие многу мистерии.
На долниот спрат од куќата на домаќините кои им биле сватови на убиените сите светилки биле одвртени. Убиецот најверојатно сакал да добие време доколку некојс е симне на местото на злосторот но во игра е и поинакво сценарио. Убиениот син бил излезен со својата сопруга до 1:30 по полноќ па можно е најпрвод а била застрелана мајката, да биле одвртени светилките, а потоа во мракот по влегувањето во куќата да бил застрелан и синот.
52 годишната жена била застрелана додека лежела во креветот. 29 годишниот Самет Селџук пак бил убиен покрај клреветот додека се соблекувал.
Двајцата биле убиени од исто оружје па истрагата води кон тоа дека се работи за само еден извршител.
Откако биле убиени, посипани биле со бело брашно, но нејасно е каква порака или ритуал сакал да демонстрира убиецот.
Полицијата според неофицијалните информации верува дека се работи за професионалец. Начинот на кој е извршено делото упатува на тоа дека вешто ги криел трагите а најверојатно и добро го пзонавал просторот и околностите.
Засега нема осомничени но на полиграф биле тестирани сите членови на семејството на сватовите.
Се истражува улогата и на уште едно лице, братучед на убиениот Самет кој на 20ти јули допатувал заедно со мајкста и синот во Макеоднија но на 27ми итно побарал такси до скопскиот аеродром и заминал.
Проверки прави и турската полиција. Убиените живееле удобен живот но непознатое што точно работеле.
Двете безживотни тела беа пронајдени во вторникот рано изутрина.
Ново на Сител
-

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци за случајот со Ивана Јовановска
-

Сиљановска - Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила Водно
-

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување
-

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините
-

Јапонија распореди ракетни системи со голем дострел во својата база во југозападниот дел на земјата
-

Сведок потврди дека во дискотеката „Пулс“ при котроли во неколку наврати биле затекнувани малолетници и оти сопственикот не соработувал
-

Министерот Андоновски на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ
-

Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток
