Ова е убиениот 35-годишник вчера во Чаир, син на поранешен функционер на ДУИ
35-годишникот убиен вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.
„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серaвa, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку.
Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! Бог да ви даде трпение, а Аллах да му даде на Хабиб највисоките чинови од Неговиот Рај“, се вели во една од објавите.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско