Ова е нејзината последна фотографија: Бремената манекенка ја згази воз додека позираше
Френдзанија Томпсон (19) студентска на Блин Колеџот во Тексас, во намера да почне кариера во светот на модата, сакаше да направи сет фотографии на желелезничката станица и токму тоа го плати со живот.
Френдзанија ја прегази воз, а работата га биде потрагична, несреќната девојка била бремена.
Хакими Стивенсон, мајка на несреќната девојка вели дека нејзината ќерка одлучила да го паузира своето школување и да се посвети на кариерата како модел.
Очевидци велат дека Франдзаниа стоела меѓу два колосека, кога од едниот правец наишол воз. Се префрлила на другиот колосек да помине возот, но не забележала дека доаѓа воз токму и од колосекот каде таа се наоѓала.
Починала на пат до болница.
Лицето кое ја фотографирало Френзанија не е повредено.
Портпаролот на „Јунион пацифик“, компанијата чиј воз удрил во бремената девојка вели дека машиновозачот се обидел да закочи, а ја вклучил и сирената кога ја забележал девојката, но било предоцна.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев