Ова е девојката за која е напишан хитот „Zbog jedne divne crne žene“
Легендарниот хит „Због једне дивне црне жене“ , Кичо Шлабинац го напишал по кратката врска со Мирјана Антовиќ, сега е позната како поранешна љубовница на Мирослав Илиќ, која сега тврди дека со фолкерот го има синот Девин.
Овој југословенски хит настанал во далечната 1972 година и зборува за разделба.
Пејачот пред неколку години изјавил дека оваа песна му е автобиографска.
- Отидов на турнеја во Њујорк и таму запзонав една црнокоса девојка. Се заљубив како дете и секогаш во нашата професија доаѓа она најтешкото. Разделба. Но знам дека кога си одев во авионот многу патев. Во таа сребрена птица сите беа воодушевени од сонцето, а јас седев тажен и сам. Така и го направив овој текст. Стана најбарана бидејќи е напишана искрено и од срце, изјавил тогаш пејачот.
Во продолжение слушнете го легендарниот југословенски хит...
Ново на Сител
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни